За нас
Компанијата МГИ Енергетика е основана во Скопје на 29.06.2020 година со цел да придонесе во заштитата на животната средина и намалување на загадувањето преку производство на електрична енергија од обновливи извори. MГИ Солар е првата од низата на фотоволтаични (PV) централи кои се во планот за изградба на компанијата со инсталирана моќност од околу 1000 kW. Наменета е исклучиво комерцијална - производството на електричната енергија е комплетно наменето за продажба преку договор со компанијата ЕВН Снабдување.
Локација
PV електраната е лоцирана веднаш до локалниот пат Свети Николе-с.Горобинци на катастарска парцела број КП 1660/4, околу 1.5 km од центарот на градот и е прва во Македонија која е изградена со систем за следење на Сонцето (tracking system).